Новинарот Мајк Сингер, ги отфрли гласините дека кошаркарот Кармело Ентони би можел да се врати во редовите на НБА-лигашот, Денвер нагетс.
Претходно во лигата имаше гласини дека Нагетс може да размислат за враќање на Ентони во тимот. Но, фактот што Денвер веќе има целосен список со 15 играчи го прави тој потпис невозможен.
Ентони играше за Денвер од 2003 до 2011 година и беше лидер на тимот. Последната сезона во НБА-лигата ја помина во Лос Анџелес лејкерс, со просек од 13,3 поени, 4,2 скока и 1,0 асистенции по натпревар.
Во моментов 38-годишниот кошаркар има статус на слободен играч.