Мекинро: Тоа е ср..е, дозволете му на Новак да игра

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро уште еднаш порача дека на Новак Ѓоковиќ треба да му се дозволи настап на Ју-ес опен. Мерките поврзани со корона вирусот се ублажени во САД, но невакцинираните странци сè уште не можат да влезат во земјата.

„Целата ситуација е ср..е, мислам дека треба да му се дозволи да игра. Јас лично сум вакциниран, примав и бустер доза, но тоа зависи од поединецот. Тој освои многу повеќе слемови од мене затоа што беше тврд и ја најде волјата каква што многу малку луѓе во нашиот спорт ја нашле. Тоа е дел од причината зошто тој стана толку голем, тој се држи до својот став“, рече Мекинро и дополни.

„Тој самиот носи одлука. Ѓоковиќ е еден од најголемите спортисти во светот, многу е внимателен што внесува во своето тело, па фрустрирачки е што не може да влезе во земјата само затоа што не е вакциниран. Тоа се правилата во моментов, не се согласувам со нив“.

Ју-ес започнува на 29 август, а Ѓоковиќ досега трипати славеше во Њујорк – во 2011, 2015 и 2018 година. Конечната листа на учесници на последниот грен слем во сезоната ќе биде објавена на 25.август.

Треба да знаете
Последни објави