„Џон Вик: Поглавје 4“, најнов во сагата за немилосрдниот одмаздник, ќе има нов вид нинџи.
Режисерот Чад Стахелски изјави дека претстојниот филм ќе биде подлабоко истражување на традицијата на серијалот, и во кој насловниот лик ќе се бори против нови непријатели.
„Ја сакам митологијата“, изјави Стахелски за „Вараети“. „Сакам добар мит. Навистина не верувам, барем за филмовите со Џон Вик, во структура од три чина. Верувам во раскажување приказни.“
„Отсекогаш сме го гледале Џон Вик како Одисеј. Затоа, одвојуваме време што ни е потребно да ја раскажеме приказната. Сè додека не заспиваме гледајќи ја, продолжуваме со неа. Но, претпоставувам дека има лимит.”
Во претходниот, „Џон Вик 3“, статусот „eкскомуникадо“ го принуди титуларниот лик да се бори против нинџа-клан предводен од убиецот Зеро, кого мистериозното раководство го назначи да ги казни сите што му помагале на Вик.