Почнува јубилејното 50. издание на ракометниот турнир „Струга 2022“

На ракометното игралиште крај женска плажа во Струга кое го носи името „Горан Попоски Бабец“, од денеска до 20 август ќе се одржи 50. јубилеен Меѓународен турнир со пет домашни и три екипи од странство.

Осумте екипи учесници на јубилејното издание се поделени во две групи.

Во Групата А ќе играат: Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов. Во Групата Б, покрај бранителот на трофејот скопски Вардар, се македонските прволигаши Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје. Од годинашните учесници, дури пет екипи го освојувале струшкиот трофеј: Вардар, Еурофарм Пелистер, Струга, Целје Пивоварна Лашко и АЕК Атина.

На првиот ден од турнирот ќе се играат натпреварите: Струга – Еурофарм Пелистер (17 часот) Вардар – Алкалоид (19 часот) Бутел – Целје (21.30 часот).

Свеченото отворање е закажано за 20.40 часот.

Треба да знаете
Последни објави