Тројца македонски репрезентативци беа активни на вечерашните средби од завршната квалификациска рунда во Лигата на шампионите, меѓутоа ниту Енис Барди, ниту двоецот Стефан Ристовски и Аријан Адеми не се израдува на позитивен резултат со своите екипи.
Барди ги одигра првите минути во дресот на Трабзонспор, но и тој не му помогна на турскиот претставник да остане непоразен на гостувањето во Данска кај ФК Копенхаген. Домаќините славеа со 2-1 со погодоците на Клаесенон и Ларегар, додека единствениот гол за гостите беше дело на Бакасетас.
Енис беше активен на теренот од 58 минута.
Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90 минути во дуелот со Бодо на кој Динамо Загреб доживеа пораз од 1-0. Голот вреден триумф беше дело на Пелегрино во 37 минута.
На третиот вечераше меч Ренџерс и ПСВ ремизираа играјќи 2-2.