Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стана дедо, откако се породи снаата Анастасија која неодамна стапи во брак со Јордан Мијалков, синот на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање и примабалерината Александра Мијалкова.
Пред еден месец младоженците имаа свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.
Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.
Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна во Струга за случајот „Империја“ поради болничко лекување.