Фудбалерот на Кристал Палас, Јоаким Андерсон, за помалку од 24 часа добил повеќе од 300 навредливи попраки, меѓу кои имало и закани со смрт, поради неговата добро одиграна улога за црвениот картон на Дарвин Нуњез од Ливерпул на синоќешниот меч кој заврши без победник (1:1) на „Енфилд“.
Навивачите на „црвените“ го обвинуваат Андерсен за исклучувањето на Нуњез, сметајќи дека тој провоцирал и глумил. Дел од нив отидоа дотаму што му праќале пораки со смртни закани и навреди за него и неговото семејство.
„Добив можеби 300-400 вакви пораки синоќа. Разбирам да навивате за вашиот тим, но треба да покажете и малку почит и да престанете да се однесувате насилно онлајн“, напиша Андерсен и објави дел од пораките.
Дефанзивецот на Кристал Палас Андерсон и Нуњез немилосрдно се бореа во текот на целиот натпревар. Тоа кулминираше откако Андерсен го турна Нуњез, а овој потоа го дри со главата во пределот на носот. Нуњез доби црвен, а Андерсен жолт картон.
Андерсон ги повика и Инстаграм и Премиер лигата да „направат нешто“.