Одлуката на Адел да го одложи престојот и настапите во Лас Вегас била најлошиот момент во целата нејзина кариера.Поп-ѕвездата требаше да започне серија концерти во Син Сити уште во јануари, но таа откажа во последен момент, со објаснување дека пандемијата ја спречила да го организира престојот – а сега откри дека кризата направила да се чувствува девастирана и засрамена.
Во интервју за британски „Ел“ таа рече: „Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера, убедливо најлош. Бев толку возбудена поради закажаните настапи. Беше разочарувачки што морав да ги откажам“.
Поп-дивата објасни што тргнало наопаку, признавајќи дека поставувањето на сцената не се одвивало како што треба.
„Едноставно немаше душа во неа. Поставувањето на сцената не беше правилно. Беше многу одвоена од мене и мојот бенд, и немаше интимност. И можеби се трудев премногу сè да биде во најдобар ред,“ објасни таа.
Настапите „Викенди со Адел“ во Колосеумот во палатата Цезар ќе траат од 18 ноември до 25 март 2023 година. Покрај 24-те презакажани датуми, додадени се уште осум изведби.