Францускиот фудбвалски првак ПСЖ ја почна одбраната на титулата со две победи и 10 гола во противничката мрежа, но атмосферата во клубот не е добра поради односите меѓу Килијан Мбапе и Нејмар, кои сакале физички да се пресметаат по мечот против Монпелје.
„Ле Паризиен“ објави дека Мбапе и Нејмар прво имале вербална пресметка, која за малку ќе преминела во физичка ако не интервенирал искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос.
Спортскиот директор на клубот, Луис Кампос потоа ги повикал двете ѕвезди на разговор и им кажал дека мора да ги решат проблемите за да нема слични инциденти во иднина.
Kylian Mbappe really had the audacity to ask Neymar to give him the second penalty after he he missed his first one ????
https://t.co/DxFML8jxqf— LSPN FC (@LSPNFC_) August 14, 2022