Димитриевски за добрите одбрани на „Камп Ноу“доби признание со изборот во тимот на колото во Европа

Македонскиот репрезентативен  голман Столе Димитриевски беше јунакот на Рајо Ваљекано во ремито од стартот на новата сезона во шпанската фудбалска Ла Лига на гостувањето кај фаворитот Барселона (0:0).

Интервенциите на Димитриевски на „Камп Ноу“ не останаа незабележани од фудбалските стрручњаци. Димитриевски добива пофалби од сите страни, а се најде и во тимот на колото во Европа.

Македонскиот голман со петте одбрани се запиша во историјата како еден од ретките чувари на мрежата кој трет меч по ред завршува без примен гол против славната Барса. Каталонскиот гигант потроши 200 милиони евра за трансфери ова лето, меѓу кои и гол-мајсторот  Левандовски, но и тој не им помогна да ја затресат мрежата на Димитриевски.

Во тимот на колото во Европа покрај Македонецот Димитриевски се наоѓаат уште: Нејмар (ПСЖ), Габриел Жезус (Арсенал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Матијас Јенсен (Брентфорд), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Давид Алаба (Реал Мадрид), Бен Ми (Брентфорд), Бенжамин Павар (Баерн Минхен) и Рис Џејмс (Челси).

Покрај европскиот избор во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги Димитриевски е и во идеалниот тим на колото во шпанската „Ла Лига“ во изборот на познатиот магазин „Мундо Депортиво“.

Треба да знаете
Последни објави