Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.
„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.
„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.
Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).
Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.