Симиќ на позајмица од Игокеа во Борац Бања Лука

Македонската кошакарска надеж Теодор Симиќ (18 г.) кој досега беше дел од младинскиот погон на Барселона, одлучи да прифати нов предизвик и да се испроба во сениорската конкуренција. Ја прифати понудата од босанскиот тим Игокеа, од каде во првата сезона ќе ја помине како позајмен играч во редовите на Борац Бања Лука (БиХ) и ќе игра во регионалното АБА 2 натпреаврување.

По разделбата со Барса, највисокиот сениорски репрезентативец во ростерот на новиот македонски селектор Александар Јончевски својата кариера ќе ја продолжи во Игокеа со која постигна повеќегодишен договор. Игокеа е актуелниот шампион на БиХ, и клуб кој веќе неколку години со успех го предводи доскорешниот селекторот на Македонија, Драган Бајиќ.

Еден од најмладите во составот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација , 18-годишниот Симиќ продолжува со обврските во државниот тим кој се подготвува за претквалификациите од ЕП.

Треба да знаете
Последни објави