Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар пред истекот на преодниот рок би можел да го напушти Реал Мадрид. Белгиецот за кого Реал плати 115 милиони евра, не го оправда вложеното во неговиот трансфер.
Шпанските и турските медиуми пишуваат дека сериозен интерес за Аазр покажува Галатасарај. Јасно е дека клубот нема пари да го плати трансферот, поради што ќе се обиде да издејствува позајмица.
Брилијантниот Белгиец најдобрите години во кариерата ги мина во Челси. За „сините“ од лондон одигра 244 натпревари, постигна 85 голови и забележа 61 асистенција. Во Шпанија таа статистика е скромна, во три сезони одигра само 48 натпревари, постигна четири гола и забележа осум асистенции.