Македонскиот лев бек, Езџан Алиоски, првпат заигра на официјален натпревар за Фенербахче, беше стартер и имаше успешно деби, со оглед на тоа дека истанбулскиот тим победи со 2-0 на гостувањето кај Австрија Виена.
Алиоски доби жолт картон, а играше од прва до 79-та минута.
Головите на Кинг и Дурсун го доближија Фенер до групната фаза во Лига Европа, тешко дека Австрија ќе може да направи чудо на реваншот во Истанбул.
АЕК Ларнака, чиј член е поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, е многу блиску до пласман во групите од Лига Европа, откако вечерва го совлада украинскиот Днипро со 1:2 на гости. По ова, АЕК Ларнака треба дома само да го потврди пласманот во групите
Тричковски доби шанса во 86. минута на овој меч.
АЕК Ларнака за половина час дојде до убедлива предност. Алтман во 16.минута донесе водство, а потоа Сваток си даде автогол во 29. минута. Во финишот Сваток во 90.минута постигна гол и во мрежата на АЕК Ларнака за конечни 1:2.