Германскиот фудбалски стручњак Томас Тухел и раководството на англискиот премиерлигаш Челзи почнаа преговор за продолжување на соработката. Тухел неодамна изјави дека е среќен во Лондон и дека не би имал ништо против да остане на тренерската клупа на „Стенфорд Бриџ“. Според медиумите, неговиот менаџер ги започнал преговорите околу продолжување на договорот.
Актуелниот договор на Тухел му истекува во јуни 2024 година.
Германецот на 26. јануари 2021 година го презеде Челзи. Сезоната ја заврши со триумф во Лигата на шампионите.