Џорџ Мајкл бил толку зависен од диетална кока-кола што пиел по 25 лименки дневно. Британскиот пејач, кој почина на 53-годишна возраст во 2016 година, имаше низа други зависности и утврдено е дека починал од срцева слабост и заболување на црниот дроб.
„Дејли стар“ во средата го цитираше неговиот пријател продуцент Џони Даглас, кој откри дека пејачот бил навлечен на кока кола: „Тој пушеше трева во студиото, како што прават многу луѓе. Земаше и антидепресиви – но тој беше врвен професионалец.“
„Никогаш не бил издрогиран и никогаш не сум го видел да прави нешто што би го сметал за деструктивно, освен неговата зависност од диетална кока-кола.
„Тој беше на најмалку 25 лименки дневно – му беа заварени на раката. Ако погледневте во неговиот Ренџ Ровер, беше како гробишта празни лименки диетална кока-кола.“
Разговорот со неговиот продуцент доаѓа во моментот кога фановите на Џорџ Мајкл слушнаа три досега необјавени песни во новиот документарен филм за неговиот живот.