Дали ви е страв од Дарко?- Барнли на интересен начин го претстави Чурлинов

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов фудбалер на Барнли. Англискиот клуб го претстави на интересен начин.

„Дали ви е страв од Дарко?“

Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со тимот од Чемпионшип дивизијата во Англија. Штутгарт ќе инкасира 5 милиони евра обештетување. Чурлинов лани играше на позајмица во Шалке, а претходно беше дел и од Келн, Магдебург и Кил.

„Навистина се чувствувам возбудено што сум тука и едвај ја чекам претстојната сезона. Нема време за губење и едвај го чекам утрешниот натпревар и сите останати следните недели“, рече Чурлинов на промоцијата.

Тој ќе биде во составот за дуелот со Блекпул утре, но засега не е јасно дали веднаш ќе добие шанса да дебитира.

„Дарко е напаѓачки ориентиран крилен фудбалер, кој работи многу на теренот и има силен менталитет. Имаме одлична соработка со Штутгарт и им благодарам што ни овозможија да доведеме млад и талентиран играч во нашиот тим“, рече менаџерот на Барнли, Венсан Компани.

 

Треба да знаете
Последни објави