Димитриевски пак несовладлив во Барселона, а Рајо го победи Еспањол

Втор меч по ред македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не прима гол во Барселона, овојпат на гостувањето во 2. коло од шпанската фудбалска Ла Лига со неговиот  Рајо Ваљекано кај Еспањол каде забележаат победа од 2:0.

Овојпат и среќата беше сојузник на Димитриевски бидејќи Еспањол трипати ја погодуваше рамките од голот.

Мечот изобилуваше со тензија, Рајо остана со играч помалку во 16. минута кога Лужен доби втор жолт картон.

Но веќе во 30. минута силите на теренот беа израмнети откако Гомез доби директен црвен картон.

Десет минути подоцна по прекрасна комбинација од слободен удар, Палазон постигна гол за водство на Рајо од 1-0.

А конечните 2-0 беа дело на Цис во 59. минута од натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави