Русинот Данил Медведев е првиот полуфиналист на тенискиот Мастерс турнирот во Синсинати. Првиот светски рекет за место меѓу најдобрите четири се избори со победа над домашниот ас Тејлор Фриц од 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Медведев во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Стефанос Циципас и Џон Иснер.
Фриц беше на добар пат да го освои првиот сет бидејќи имаше водство од 6:5, но и две брејк и сет топки кои не ги искористи во 12. гем, по што Русинот во тај-брејкот беше извонреден и стигна до 7:1.
Првиот тенисер во светот не дозволи драма во вториот сет, па веднаш направи брејк за 2:0, а потоа сервираше сигурно и стигна до 6:3.