Тренерите на англиските фудбалски премеирлигаши Челзи,Томас Тухел и на Тотенхем Антонио Конте ги добија казните за исклучувањата кои ги заработија на градското дерби одиграно на „Стенфорд Бриџ“. Германскиот струтег Тухел кој беше иницијатор на инцидентот, доби еден меч казна и ќе треба да плати 35.000 фунти, додека неговиот колега Италијанецот Конте помина само со парична казна од 15.000 фунти.
Забраната да седи на клупата Тухел може да биде одработена и подоцна, бидејки нема добиено писмено образложение за казната. Двајцата тренери ќе имаат право на жалба за изречената казна.
Тухел и Конте ги добија овие кзани откако признаа вина и кршење на правилата на однесување за време на дербито меѓу Челзи и Тотенхем.
По крајно некоректна реакција на крајот од дуелот, двајцата тренери добија црвени картони.