ФИБА: Словенија прв фаворит за злато на ЕП2022

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ја издвои Словенија како главен кандидат за освојување на златниот медал на претстојното Европско првенство.

Зад Словенија, која ја предводи центарот на Далас, Лука Дончиќ, следат Франција, Грција и Литванија, додека Србија предводена од најкорисниот играч во НБА лигата Никола Јокиќ, е петти кандидат за европското злато според ФИБА.

Европското кошаркарско првенство ќе се одржи од 1 до 18 септември.

Како и претходните две изданија, завршниот европски турнир ќе се одржи во четири држави.

Натпреварите во групната фаза ќе се играат в Германија, Чешка, Грузија и Италија.

Финалето ќе се игра во Берлин.

Треба да знаете
Последни објави