Икарди се пакува за преселба во Турција

Аргентинскиот фудбалски интернационалец Мауро Икарди се наоѓа пред преселба во Турција, откриваат медиумите во оваа земја. Неговиот менаџер, сопругата Ванда Нара се наоѓа во Истанбул и води преговори со двата гиганти во турскиот фудбал Фенербахче и Галатасарај.

Двата клуба се заинтересирани да го доведат напаѓачот кој е пред заминување од францускиот првак Пари Сен Жермен.

Икарди беше во преговори со Монца за враќање во Серија А, меѓутоа сепак договор не беше склучен. Најголемиот проблем е неговата голема плата од 200.000 евра месечно неделно, која засега ги кочи и преговорите во Турција.

Треба да знаете
Последни објави