Бразилeцот Марсело има понуда да потпише договор со Ница, тврдат француските медиуми. Раководството на францускиот клуб упатило конкретна понуда до поранешниот играч на Реал Мадрид кој сега е слободен агент.
Марсело помина повеќе од 15 години во Реал Мадрид и стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот. За денеција и пол, левиот бек забележа 544 настапи и постигна 37 гола, освојувајќи вкупно 25 трофеи, вклучувајќи и пет пехари од Лигата на шампионите.
34-годишниот Марсело чекаше понуди од Ла Лига бидејќи сака да продолжи да живее во Шпанија, а последните денови се зборува дека ветеранот размислува и да стави крај на кариерата.