Џошуа е значително потежок од шампионот Усик, Хрговиќ полесен 15 килограми од Жанг

Борбата меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа е носечка на саботниот боксерски спектакл во Џеда. На тој меч Украинецот ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кои го освои лани во септември против британскиот борец.

А најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ во конасловната борба боксира против Кинезот Жилеи Жанг во елиминаторски меч за титулата на ИБФ.

Пред големиот настан во Саудиска Арабија се одржа мерењето.

Џошуа е два килограми потежок од првиот меч против Усик. Во пресрет на реваншот има дури десет килограми повеќе од противникот.

Британцот пристигна на мерењето со тежина од 110,9, додека украинскиот боксер тежи 100,5 килограми.

Филип на мерењето се појави со 110,2 килограми, додека неговиот противник има 15 килограми повеќе. Кинезот Џанг тежеше 125,7 килограми.

Калум Смит (79,25) и Матје Бодерлик (79,15) ја исполнија границата во полутешка категорија.

Резултати од мерење, главна програма:
Александр Усик (100,5 кг) – Ентони Џошуа (110,9 кг), за шампионските појаси ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО
Филип Хрговиќ (110,2) – Жилеи Жанг (125,7), елиминаторски меч за шампион на ИБФ во тешка категорија
Калум Смит (79,25) – Матје Бодерик (79,15), елиминаторски меч за шампион на ВБЦ во полутешка категорија
Баду Џек (90,3) – Ричард Ривера (88,4)
Зијад Алмајуф (63,2) – Хозе Алаторе (62,1)
Рамла Али (55,65) – Кристал Гарсија Нова (55,75)

Треба да знаете
Последни објави