Во организација на Коњичкиот клуб „Вивакс” од Скопје утре ќе се одржат првиот „Августовски коњички турнир” и третото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки.
Натпреварувањата започнуваат во 9 часот на теренот на „Хиподром” во Маџари.
На програмата, според календарот на Македонската федерација за коњички спортови, се три натпревари во прескокнување пречки.