Победничкиот болид на Михаел Шумахер од сезоната 1998, славниот Ф300 на аукција во Монтереј, САД достигна фантастични 6.2 милиони долари.
Аукциската куча „РМ-Сотби“, болидот со кој Шуми возеше на четири трки: Канада, Франција, Велика Британија и Италија и победи на сите четири трки достигна висока цена, но не и рекордна, откако Ф2001 болидот на Ферари (исто така на Шумахер), беше продаден за 7.5 милиони долари. Ф300 е болидот кој го дизајнираше слвниот Рори Бирн и Рос Брон, беше првиот со кој се прекина доминацијата на Мекларен-Мерцедес.
Интересно, но болидот на Шуми не беше најскапиот на аукцијата на класични автомобили – Ферари 410 Спорт спајдер, болидот со кој се тркаше Фил Хил беше продаден за неверојатни 22 милиони долари.