Кристијано Роналдо нема да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето. Триесет и седумгодишниот напаѓач прифати дека оваа сезона ќе ја помине во англиски клуб.
Според инсајдерот Педро Алмеида, трансферот на Касемиро во Манчестер јунајтед сериозно влијаел на одлуката на Португалецот.
Роналдо и претходно играше заедно со Бразилецот за Реал Мадрид.
Во првите два натпревари од Премиер лигата Јунајтед забележа два пораза. Роналдо на двата натпревари влезе на теренот и не постигна гол.
Англиските медиуми изминатиот период шпекулираа дека Кристијано би можел да замине во Атлетико Мадрид, Баерн Минхен или Борусија Дортмунд.