Манчестер сити ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата на 15 натпревари. Денеска избраниците на Пеп Гвардиола одиграа нерешено со Њукасл (3:3) во 3. коло од Англиското фудбалско првенство.
Њукасл до 60. минута водеше со 3:1, но не издржа во последните 30 минути и на крајот мораше да се задоволи со бод.
Последен пат „граѓаните” загубија во лигата на 19 февруари од Тотенхем со 3:2. Оттогаш имаат 11 победи и четири нерешени.
Манчестер сити ќе се соочи со Кристал Палас на следниот натпревар закажан за 27 август.