Менаџерот на Челси, Томас Тухел инсистира дека би загубил во тепачка со менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, откако двајцата беа вклучени во лута пресметка на минатонеделното дерби.
Двајцата тренери мораа да бидат одвојувани откако ракувањето по мечот не помина најдобро, бидејќи Тухел сметаше дека неговиот тим е оштетен со израмнувачкиот гол на Хери Кејн. Иако веднаш на прес-конференцијата по мечот, Тухел ги покажа своите мускули, сега вели дека бил погрешно сфатен и дека би загубил од Конте бидејќи нема бицепси.
„Букмејкерите велат дека јас сум фаворит? Изненаден сум. Јас немам мускули. Кога ги покажав по мечот, го напрвив спротивното. Мислеа дека сум непристоен, но јас само кажав дека немам бицепси. Не мислев да се сфати така“, вели Тухел.
TUCHEL VS CONTE: ROUND TWO!!! ???????? pic.twitter.com/XhWuOU4fwD
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 14, 2022