Манчестер сити се подготвува да понуди нов договор со двојно поголема плата на играчот од средниот ред Бернард Силва, пишува „Дејли Стар”.
Дваесет и осумгодишниот Силва сега има уште три години од договорот од 150.000 фунти неделно.
Новиот договор ќе му овозможи на Силва да ја зголеми својата плата и да стане третиот најплатен играч во тимот зад Кевин Де Брујн и Ерлин Холанд, кои се платени по 400 и 350 фунти неделно.
Манчестер сити ја одби понудата на Пари Сен-Жермен за ангажирање на Силва. Парискиот клуб понуди 80 милиони евра, но Британците одбија.
Бернардо Силва е во Сити од јули 2017 година. Сезонава учествуваше на четири натпревари и постигна еден гол, третиот за „граѓаните” на денешниот натпревар со Њукасл (3:3).