Тамше: Пеналите се лотарија !

Хрватскиот ракометен вице-првак Нексе од Нашице ќе игра на завршниот турнир од регионалното СЕХА натпреаврување откако на пенали во Скопје го совлада Вардар (32:30 – 28:28).Вардар вторпат во низа ќе остане без „фајнал-фор“ завршницата од СЕХА лигата откако лани беше исфрлен поради ковид-проблеми. Шанса за пласман на турнирот во Задар има македонскиот вице-првак Еурофарм Пелистер, кој в четврток ќе го дочека Мешков Брест во Битола.

По мечот во Скопје и пласманот на Ф4 турнирот во Задар своето задоволство не го криеше  тренерот на гостите од Нашице, Бранко Тамше.

-Честитки на сите актери во оваа голема битка до последната секунда. Вардарци веруваа до крајот во победата, а иста желба имавме и ние. Добро ја држевме средбата до 45 минута, а потоа Вардар фати ритам. Тешко е да се игра тука во таква атмосфера. Седмерците одлучија, тоа секогаш е лотарија и нашиот голман фати два пенали. Штета што не може на „фајнал-фор“ да одат и Нексе и Вардар. Терминот е малку чуден, сите сме во подготовки, сите игравме и се подготвувавме. Имаме уште многу за доработување, Вардар знаеше како да не запре. Им посакувам се најдобро во сите натпреварувања, а на моите момци им давам два дена слободно и потоа подготовка за турнирот, порача Тамше.

 

Треба да знаете
Последни објави