(Фото) Нексе на пенали го елиминира Вардар од завршниот турнир во СЕХА-лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар нема да игра на завршниот турнир од регионалната СЕХА лигата кој ќе се одржи во Задар. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ пред прошараното гледалиште Вардар е поразен на пенал во оеден четвртфинален меч од хрватскиот Нексе (28:28 во регуларен дел) Во пенал-рулетот Вардар промаши два седмерци, а хрватскиот вице-првак Нексе беше максимално прецизен. Голманот Михајло Радовановиќ ги одбрани пеналите на Филип Талески и на Дарко Ѓукиќ и тоа се покажа доволно за конечни 32:-30 за Нексе кој во полуфиналето во Задар ќе му излезе на мегдан на хрватскиот првак ППД Загреб.

Вардар го имаше последниот напад за да дојде до победа во регуларниот дел. Последните 17 секунди при резултат 28:28  не ги искорситија „црвено-црните“.

Хрватските голмани Радовановиќ со пет и неговиот колега Доминик Кузмановиќ со 11 одбрани, сите во второто полувреме беа главните кои го одведоа Нексе на Ф4.

Вардар одигра добар втор дел и во него успеаја да направат резултатски „кам-бек“ и да се понадеваат на триумф. Клучен се покажа периодот по 40-тата минута, кога Вардар од негатива 19:22, стигна да изедначи на 23:23. Нексе правеше доста грешки и Томовски фати некоја топка на време, но немаше реализација оваа ситуација да се претвори во победа.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Талески со 11 голови, а Дејан Манасков постигна осум голови.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави