Чурлинов почна, Барнли мина во Лига Купот

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов првпат се најде во почетниот состав на англискиот второлигаш  Барнли откако пристигна на Островот. Барнли во меч од второто коло во англискиот Лига Куп како гостин го совлада Шрусбери со 1:0.

Ова беше втор настап за Чурлинов во дресот на Барнли, прв како стартер. Чурлинов играше до 66. минута. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 50. минута, а стрелец беше Бастиен.

Астон вила беше подобра од Болтон со 4:1, додека на Евертон му беше потребен еден погодок за да го елиминира Флитвуд. Додека Лестер дури по пенали го елиминира Стокпорт.

Треба да знаете
Последни објави