Српскиот фудбалски првак Црвена звезда нема да игра во групната фаза од елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, бидејќи пред своите гледачи на „Маракана“ во последниот меч, реваншот од плеј-офот ремизираше со израелскиот состав Макаби Хаифа (2:2). Првиот меч заврши 2:1 за Макаби. Трагичар на натпреварот беше напаѓачот Милан Павков, кој во последните мигови од мечот наместо противничката, ја затресе сопствената мрежа и ја расплака до последното место исполнетата „Маракана“.
Црвена звезда ќе продолжи не евро-сцената во Лига Европа, а Макаби избори историски пласман во ЛШ.
„Црвено-белите“ постигнаа два гола во првото полувреме. Резултатот го отвори Пешиќ во 27. минута, а потоа за огромна радост на трибините погоди Иваниќ на две минути пред крајот на полувремето. Со овој резултата Црвена звезда беше во групната фаза, но не издржа до крајот. Прим гол пред да заминат на полувреме. Сандгрен погоди во петтата минута од судиското продолжение во првиот дел за 2:1. Претходно, Хазаза не реализира пенал за Макаби.
Во второт дел темпото на игра спласна, двете екипи играа порезервирано и тоа резултираше со многу груба игра и малку фудбалски потези. Во самиот финиш тренерот Дејан Станковиќ во игра го внесе искусниот Павков, но овој пат напаѓачот наместо херој, беше трагичар за својот тим, откако во 90. минута ја смести топката зад грбот на Борјан и донесе молк и солзи на „Маракана“.
Место во елитата обезбеди и португалската Бенфика која и на реваншот славеше против украинскиот Динамо Киев (3:2). Во групната фаза од ЛШ се пласира полската Викторија Плзен со победа од 2:1 против азербејџанскиот Карабах.