Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб е последниот патник во групната фаза од Лигата на шампионите. По 120 минути игра на реваншот од пелеј-офот за пласман во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување Динамо го елиминира норвешкиот Бодо (4:1). Крајниот резултат на „Максимир“ е убедлив, но до него „модрите“ стигнаа многу тешко и со два погодоци во последните минути од продолжението преку Дрниќ во 117 минута и Бочкај во 119 минута кога се мачеа да го приведат мечот до пенали, а Бодо притискаше да го реши во дополнителните 30 минути и на крајот беше казнет.
Динамо почна добро и ефикасно. Поведе уште во 4. минута со голот на Мислав Оршиќ и ја анулира предноста на гостинот од Норвешка кој првиот меч го доби со 1:0. Во 35 минута Динамо веќе имаше потребен резултата за во групната фаза. Бруно Петковиќ по асистенција на Стефан Ристовски да постигне фантастичен гол со „ножички“за 2:0.
Во второто полувреме Динамо не наликуваше на тимот од првите 45 минути. Ја загуби контролата на теренот, а норвешкиот тим го почувстува тоа и почна да врши опсада на голот на домаќинот. Ваквата игра резултираше со погодок во 70. минута, кога замената Алберт Гренбек постигна гол за 2:1, што на Бодо му донесе продолженија и надеж дека можат да го елиминираат раштиманиот Динамо.