Срдечно сте поканети на кошмар кој се создава со генерации – oва е пораката на филмот „Покана за пекол“, кој европската публика ќе има можност да го гледа во киносалите од овој четврток, пред неговото отворање во САД.
Тоа е хорор трилер кој излегува од рамката на својата тематика.
На прв поглед, филмот изгледа многу мистериозно. Во преден план е младата Еви (Натали Емануел), која преку ДНК тест доаѓа до нови роднини и е поканета на свадба во Англија. По кратко убедување, таа сепак се согласува и оди на друг континент за да се сретне со остатокот од своето непознато семејство на свадбата.
И сè изгледа како бајка – прекрасен замок, слугинки и персонал, луксузна соба и нова симпатија Волтер (Томас Доерти од серијата Gossip Girl) која секој ден станува нешто повеќе. Сепак, Еви забележува необични работи во замокот кои почнуваат сериозно да ја вознемируваат. Со прашањето: „Каде се невестата и младоженецот?“, започнува нејзиниот најлош кошмар и борба за живот.
Ова е прва главна улога на Натали Емануел, која инаку се прослави во серијата „Игра на тронови“ и филмската сага „Брзи и бесни“.