Глазгов Ренџерс и Копенхаген се пласираа во групната фаза од ЛШ, а Динамо Загреб игра продолженија

Шкотскиот Глазгов Ренџерс и данскиот Копенхаген изборија пласман во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите, додека хрватскиот Динамо Загреб откако не ја одбрани предноста од 2:0 која ја имаше против норвешкиот Бодо/Глимт, во овие мометни игра продолжение на „Максимир“.

Турскиот шампион, Трабзонспор, со македонскиот репрезентативец Енис Барди како стартер, одигра 0:0 со Копенхаген за да бидат елиминирани откако во Данска загубија со 2:1.

Ренџерс стигна до импресивна победа на гостувањето кај ПСВ Ајндховен (1:0), откако Антонио Чолак стрелаше во 60. минута од мечот. Во Шкотска беше 1:1. За хрватскиот интернационалец ова е продолжување на фантастичниот старт на кариерата во Ренџерс, за кои во пет меча има постигнато четири гола. Ова исто така беше интересен дуел на двајца холандски тренери, Џовани ван Бронкхорст на клупата на Ренџерс и Руд ван Нистелрој на клупата на ПСВ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ

Динамо Загреб (Хрв) – Бодо/Глимт (Нор) 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2 се играат продолженија
ПСВ Ајндховен (Хол) – Ренџерс (Шко) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2

Треба да знаете
Последни објави