Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ објасни зошто клубот од Минхен не потпишал договор со напаѓачот Ерлин Халанд од Борусија Дортмунд.
„Не е тајна дека преговаравме. На крајот, тоа не успеа од различни причини. Не сакам да го обвинувам играчот. Тој ја избра опцијата која според него беше оптимална за него“, изјави Хасан Салихамиџиќ за „Билд“.
Норвешкиот напаѓач ова лето се пресели од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити. За неговиот трансфер англискиот клуб плати 60 милиони евра.
Халанд минатата сезона одигра 30 натпревари за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања и постигна 29 гола.
Брилијантниот Норвежанец постигна три гола во првите три натпревари во Премиер лигата за тимот на Пеп Гвардиола.