Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го избра Охрид за домаќин на Суперкупот меѓу актуелниот првак Вардар 1961 и финалистот во националниот Куп Еурофарм Пелистер.
Натпреварот ќе се одигра на 11 септември во салата „Билјанини извори”, а саатницата ќе биде дополнително дефинирана.
Трофејот го брани битолски Еурофарм Пелистер, кој во ланската пресметка беше поуспешен од скопски Вардар 1961 со 31-22.