Ева Херцигова, икона на модата од 90-тите

Ева Херцигова беше една од ѕвездите кои чекореа на најпрестижните модни писти во 90-тите години, заедно со Наоми Кембел, Клаудија Шифер и други топ модели.

Што се случува сега со чешката манекенка и со што се занимава откако доминираше на насловните страници на светските списанија од 90-тите.

Некои таблоиди се осврнаа на нејзините достигнувања и на кариерата што започна во Чешка, потоа продолжи во Франција, Италија и САД, и споделија фотографија како изгледа денес.

Родена е на 10 март 1973 година во Литвинов, град во Чешка. Уште од мала покажала голем интерес за светот на манекенството.

Нејзиниот прв успех ја поттикна да се пресели во Париз и да се обиде да го оствари својот сон: да стане меѓународен супермодел.

Во 1989 година, тинејџерката Ева победи на натпревар за убавина во Прага. Овој прв успех ја поттикна да се пресели во Париз и да се обиде да го оствари сонот. Откако се пресели во француската престолнина, успехот дојде прилично брзо.

Таа веднаш стана едно од најфотографираните лица и ги красеше насловните страници на меѓународните модни списанија како „Вог“, „Ел“, „Гламур“ и „Мари Клер“.

Отскочна штица во нејзината манекенска кариера несомнено беше рекламната кампања „Мис Вондербра“ од 1994 година. Според некои британски анкети, оваа реклама била меѓу најкултните на сите времиња.

Херцигова стана позната во Италија и почна да се појавува во ТВ-емисии и филмови таму. Во 1998 година, таа го претстави музичкиот фестивал „Санремо“, еден од најголемите телевизиски настани во земјата.

Ева Херцигова се појави на познати календари како оној на италијанската компанија за гуми „Пирели“.

Неколку години подоцна, во 2004 година, таа позираше за „Плејбој“.

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, во 1996 година, токму во нејзините најуспешни години се омажи за тапанарот на Бон Џови, Тико Торес. Двојката остана заедно три години, а се разведоа во 1999 година.

Таа го запознала италијанскиот претприемач Грегорио Марсијај во 2003 година, и конечно се венчаа во 2017 година.

Грегорио Марсијај е татко на трите деца на Ева Херцигова: Џорџ, роден во 2007 година, Филип, роден во 2011 година и Едвард, роден во 2013 година.

Ева Херцигова моментално живее во италијанскиот град Торино со своето прекрасно и големо семејство. Иако семејниот живот можеби ја натера да работи помалку, Ева сè уште е модел со силно присуство во модните списанија, на модните писти и во рекламните кампањи.

Херцигова, остана секогаш на пистата. Супермоделот продолжи да чекори по модните писти. Всушност, таа никогаш не го напушти светот на модата.

Во јули годинава, Ева се појави на ревијата на висока мода на „Скиапарели“ есен/зима 2022-2023.

Треба да знаете
Последни објави