На Идрис Елба му е преку глава да го прашуваат дали ќе го глуми тајниот агент Џејмс Бонд.
За 49-годишниот актер долго време се шпекулираше дека ќе го замени Даниел Крег како 007, но тој сега признава дека е фрустриран од постојаните прашања во врска со ваквите шпекулации.
Говорејќи на поткастот Jemele Hill is Unbothered, Идрис рече: „Повеќе немам одговори. На луѓето само им велам: не прашувајте ме тоа“.
Актерот смета дека одговорил на сите прашања во врска со легендарниот шпион и смета дека е непријатно што медиумите постојано го прашуваат за иста работа.
„Тоа е навистина мрзливо новинарство. Луѓето се обидуваат да го искористат како мамец за кликови, како на пример: што ќе рече овој пат? Се обидувам да ги кажувам истите работи.“
„Одвреме-навреме само ги задевам, им филозофирам зошто не сакам да го глумам 007 или зошто е шпекулацја. Но, сега преферирам да не зборувам за тоа“.
Неодамна беше објавено дека Идрис ги напуштил разговорите со шефовите на „Бонд“ бидејќи планира да започне сопствен филмски серијал. Тој, наводно, ѝ предложил други актери на продуцентката Барбара Броколи.
Инсајдер изјави за весникот „Сан“: „Фановите и Барбара го сакаа Идрис, но тој сака да создаде нешто свое.
Еден филмски инсајдер неодамна тврдеше дека новиот Бонд мора да е на возраст под 40 години и повисок од 1.78 метри.