Пенал-рулетот го однесе Еурофарм Пелистер на завршниот турнир од СЕХА лигата во Задар

Македонија сепак ќе има претставник на завршниот Ф4 турнир од регионалната ракометна СЕХА лига и тоа во вице-првако битолски Еурофарм Пелистер, откако шампионот Вардар беше елиминиран од хрватскиот Нексе во Скопје со подобро изведување на пенали.

Во драматичен ракометен натпревар овојпат пенал-рулетот застана на страната на македонскиот претставник Еурофарм Пелистер кој го совлада Мешков Брест со 27:26.

Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави