Членови од редвите на актуелниот европски фудбалски првак Реал Мадрид ги собра индивидуалните признанија во изборот на најдобрите од УЕФА за сезоната што измина. Стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти беше избран за тренер на годинита пред колегите Јирген Клоп (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити). Признанието за играч на сезоната заврши кај напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
-Пресреќен сум што доаѓам до оваа награда за првпат во кариерата. Пред се, благодарност до мојот клуб, до тренерот и до соиграчите, ова е индивидуална награда, но за неа е заслужна целата екипа. Голема благодарност до Карло Анчелоти, прекрасна личност, но истовремено и извонреден тренер и професионалец, човек што има извонреден однос со сите фудбалери, изјави Бензема.
За најдобра фудбалерка за минатата сезона во Европа беше избрана Алексиа Путелјас од Барселона.