Тренерот на македонскиот фудбалски првак Шкупи, Гоце Седлоски по елиминацијата на чаирчани од косовски Балкани со вкупни 1:3 и неисполнетиот сон за настап во групната фаза европските натпреаврувања смета дека неискуството за играње на вакви натпревари било пресудно.
Шкупи најпрво во Скопје беше казнет за своите неискористени шанси, а вечерва се самоуби после само 100 секунди со црвениот картон на Џелил Абдула.
-Честитки за Балкани за нивниот пласман во групите во Конференциската лига, им посакувам многу успех, а ние скапо ги плативме грешките кои противникот знаеше да ги искористи. Вечерва загубивме во втората минута кога останавме со фудбалер помалку. Тешко се игра фудбал со десетмина, но ние игравме добро во поголем дел од мечот, но грешките од Скопје пресудија. Имавме долг европски пат и треба да сме со кренати глави без оглед на сѐ. Нам ни фалеше искуство за вакви мечеви, зашто некои играчи првпат играа вакви средби, рече Седлоски по мечот.