Македонкиот фудбалски шампион Шкупи летната европска прошетка на крајот ја зврши неуспешно, во третото по ранг клупско натпреварување Конфернциската лига. Чаирчани не обезбедија пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА откако се поразени и на реваншот во Приштина од косовскиот тим Балкани (1:0). Шкупи остана без премијата од три милиони евра, како и без испишана историска страница како втор македонски тим кој заиграл во групна фаза од европско клупско натпреаврување. Тоа му успеа на косовскиот Балкани, тимот од Сува Река, град со 10.000 жители, кој стана првиот тим од Косово кој ќе игра во групната фаза во едно од натпреварувањата на стариот континент.
Шкупи ова лето имаше три шанси да се пласира во групната фаза од европските натпреварувања, прво беше во квалификациите од Лигата на шампионите каде ги запре во 2. квалификациско коло Динамо Загреб, па во Лига Европа ги елиминира ирскиот Шамрок Ровер и вечерва во Приштина потклекнаа пред Балкани во Конференциската лига.
Балкани триумфираше над македонскиот првак на првиот натпревар пред една недела во Скопје со 2:1 и со победа на реваншот на стадионот „Фадил Вокри” испиша историја.
Победоносниот гол на реваншот во Приштина го постигна Меритон Кореница во 69 минута, а Шкупи целиот натпревар го одигра со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џелил Абдула по само 120 секунди.
Жрепката за групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување е закажана за утре во Истанбул.