Раперот Ар Кели понудил 1 милион долари за враќање на снимка со детска порнографија.
Обвинителите на судењето на посрамотениот аренби пејач во Чикаго презентираа докази за очигледната понуда, за која тие тврдат дека се случила во 2000 година. Тие тврдат дека на снимката се гледа дека Кели (55) сексуално злоставува 14-годишно девојче.
Кели се соочува со неколку обвиненија, вклучително и продукција на детска порнографија и местење на неговото судење за детска порнографија во 2008 година со закани на сведоци и настојување да ги скрие видео доказите.
Неговиот поранешен агент за продажба, Чарлс Фримен, сведочеше за тоа како Кели контактирал со него во 2001 година за да му даде инстрикции да ја пронајде снимката.
Фримен (52) од Канзас Сити, додаде дека со години вршел притисок врз Кели и неговите соработници да му ја платат ветената сума од 1 милион долари откако ја пронашол и ја вратил лентата.
Тој им кажа на поротниците дека не ја знаел содржината на видеото, кое го нашол во приватна куќа во Атланта во 2001 година, сè додека подоцна истиот ден не го ставил во VHS плеер во домот на пријател.
Фримен пред поротата ја опиша содржината: „На снимката се гледа како Роберт Кели има секс со една млада дама“.
Кога обвинителот го праша Фримен – кој сведочеше согласно договорот за имунитет – зошто му беа потребни речиси 20 години да ја предаде лентата и другите снимки од детска порнографија поврзани со Кели, Фримен одговори: „Бидејќи полицијата немаше да ми плати милион долари.“
Фримен призна дека бил да го гледа Кели на концерти за да си ги бара парите за враќање на снимката и му се заканил дека ќе излезе во јавност со она што го знае и ќе поднесе тужба против него.