Борбата за титулата во Формула 1 шампионатот ќе добие уште еден „пресврт“, откако првите фаворити Макс Ферстапен и Шарл Леклер најверојатно ќе стартуваат од последниот ред по промената на моторите пред класичната трка во Спа-Франкошамп.
ФИА потврди дека повеќе возачи ќе добијат казни за менување на мотори, користејќи ја патеката на која претекнувањето е релативно лесно, и засега се потврдени Макс Ферстапен (Ред бул), Лендо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин) и Валтери Ботас (Алфа Ромео), кои ќе го менуваат ИЦЕ уредот на својот болид. Тие исто така ќе добијат и нови турбо-полначи, како и МГУ-К и МГУ-Х уреди.
На оваа листа се приклучува и Шарл Леклер од Ферари, кој ќе добие нов МГУ-К и акумулатор, иако вестите од Белгија велат дека Ферари најверојатно ќе го смени целиот хибриден систем пред стартот на саботните тренинзи. Поради ова саботните квалификации ќе бидат посебно интересни бидејќи сите ќе се обидат да го избегнат последниот ред, иако можат да очекуваат најдобра позиција на 15. место.
Од друга страна, Мерцедес, на болидите на Луис Хамилтон и Џорџ Расел поставија нов ИЦЕ уред, но нема да бидат казнети, со што на „сребрената стрела“ им се отвара најдобра шанса за победа оваа сезона.