Кошаркарската федерација донесе одлука да им дозволи бесплатен влез на навивачите на претстојниот натпревар на македонската машка репрезентација против Словачка во рамки на второто коло во групата Д од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Дуелот против Словаците е на програмата в недела од 19:00 часот во СРЦ „Кале”.
– Сите заедно да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот, порача македонската кошаркарска Федерација во апелот до навивачите.
Во премиерниот натпревар од претквалификацискиот циклус избраниците на селекторот Александар Јончевски вчера ја совладаа Данска на гостински терен со 73-70.