Новата драмска серија на „Нетфликс“, Echoes, го зазеде првото место по гледаност во некои делови на Европа. Ја претрка мрачната драма „Сендмен“, која ги воодушеви и критичарите и публиката, а до пред некој ден беше на врвот на листата на топ-10 најгледани на стринг-платформата.
Echoes е австралиски психолошки трилер кој ја следи приказната за близначките Лена и Џина – двете ги глуми Мишел Монаган – кои тајно ги заменувале своите животи уште од детството што кулминирало во двоен живот. Но, заплетот на серијата се случува кога една од сестрите исчезнува и сè во нивниот совршено испланиран свет се претвора во хаос, пишува „ИМДБ“.