Лацио со два еврогола го прегази Интер на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио вечерва ќе преспијат како лидери на табелата, откако вечерва го совладаа Интер (3-1) во дербито на 3. коло во Серија А.

Тоа беше фантастичен меч со многу возбудувања и прекрасна атмосфера, во кој домашните се снајдоа многу подобро. Фелипе Андерсон во 40. минута донесе водство за римјаните по прекрасниот центаршут на Милинковиќ-Савиќ, додека гостите изедначија преку Лаутаро Мартинез на стартот од второто полувреме. Но, тоа не ги обесхрабри римјаните, кои со двата еврогола на Луис Алберто и Педро дојдоа до посакуваниот триумф.

Лацио арем привремено е прв со две победи и реми, додека ова беше прв неуспех за „нераѕурите“ сезонава по двете стартни победи.

Треба да знаете
Последни објави